МАРТ 2024: Компанијата ја менува својата правна форма и станува анонимно здружение со име „GIORMANIS CHEMIAL SA“. и карактеристичен наслов „GIORMANIS CHEMICALS“. (Press here)

Декември 2023 г.: Уште една година, Giormanis Chemicals, во рамките на програмата за Социјална одговорност, донираше за зајакнување на Здружението на пријатели на децата болни од рак „Сторги“. Стоиме покрај нив во борбата што ја водат, не само за медицински третман на ракот, туку и за отстранување на психолошките проблеми што ги предизвикува. Му посакуваме на целиот свет добри празници и Среќна Нова година, љубов и здравје!!!

Декември 2022 година: Компанијата Јорманис Химика со оглед на празничниот период избра, наместо да испраќа деловни подароци и честитки, да ја одвои соодветната сума за поддршка на работата на добротворното и непрофитно здружение „ЕЛЕПАП Солун“.
Исто така, продолжи со понуда на храна со цел зајакнување на хуманитарниот оброк во на Светата црква Свети Елефтериос Депо Солун,
со надеж дека ќе има слични иницијативи од други агенции кои ќе понудат поддршка на ранливите - социјално и финансиски - поединци и семејства преку обезбедување на примарните потреби

Декември 2021 година: Уште една година Јорманис Кемикалс (Giormanis Chemicals) избра наместо корпоративни подароци да ги намени тие средства за општинската детска градинка на Солун „Свети Стилијан“. Нашето претпријатие активно ја поддржува солидарната работа на организацијата за згрижување, како и општата заштита на доенчиња и мали деца којашто го има со цел нивниот правилен психолошки и телесен развој сѐ додека не се интегрираат повторно или во биолошката семејна средина, или пак во друга соодветна семејна средина (усвојување или одгледување) или во друга соодветна институција чија примарна цел е да им служи на нивните интереси.

Мај 2021 година: Наградите Health & Safety Awards 2021, организирани успешно од Boussias Communications, ги наградуваат оние што создаваат и одржуваат безбедни и здрави работни места, оние што иновираат и инвестираат одговорно во своите вработени, ставајќи ги секогаш луѓето во фокус. Претпријатието Јорманис Кемикалс при првото учество во конкретните награди, се истакна како едно од врвните компании во хемиската индустрија и беше наградено за одличните постигнувања во целокупниот развој, управување, раководење и следење на здравјето и безбедноста на сите засегнати страни, неговите иницијативи за создавање работна средина со добросостојба и безбедност за вработените и за безбедна услуга во којашто уживаат неговите клиенти (кликнете на сликата ( Health & Safety Awards 2021 )

Декември 2020 година: Претпријатието Јорманис Кемикалс, со долгогодишна традиција на несебичен општествен придонес и огромно чувство за колективна одговорност и должност, овој Божиќ повторно суштински ја зајакна работата на Грчкото детско село во Филиро. Конкретно, овие празници, средствата што беа наменети како подарок за неговите соработници, годинава беа подарени за задоволување на потребите на Грчкото детско село, со што го исполни своето ветување да биде блиску до организациите и сограѓаните на кои навистина им треба поддршка. Овој Божиќ не чекаме чудата да се случат сами од себе!!! Им даваме прилика на сите деца да ја живеат детската возраст со љубов, грижа, топлина, безбедност и почит!!!

Јуни 2020 година: Претпријатието Јорманис Кемикалс, свесно за сѐ поголемите потреби на општините и заедниците за хигиенско чистење и дезинфекција, но и за нивна подготовка за справување со вториот бран на пандемијата на коронавирусот, во рамките на Корпоративната социјална политика, им даде донации на општините Делта, Ореокастро и на локалната заедница Неохоруда. Донацијата се состои од биоциден производ „Giormanis Натриум хипохлорид мин. 12%“, одобрен од Националната организација за лекови, со којшто може да се произведат 250.000 килограми раствор подготвен за користење за дезинфекција на простории, површини и предмети во согласност со упатствата на Директоратот за здравје и хигиена на животната средина на Министерството за здравје (кликнете тука )

Април 2020 година: Во рамките на Корпоративната социјална одговорност и одговарајќи на зголемените потреби за хигиенска чистотија и дезинфекција заради пандемијата на коронавирусот, претпријатието ЈОРМАНИС КЕМИКАЛС им го подари на општините Солун и Пилеа-Хортјатис неопходното количество биоциден производ „Giormanis Натриум хипохлорид мин. 12%“, одобрен од Националната организација за лекови, со којшто може да се произведат 250.000 килограми раствор подготвен за користење за дезинфекција на простории, површини и предмети во согласност со упатствата на Директоратот за здравје и хигиена на животната средина на Министерството за здравје (кликнете тука vraveusi icon )

Декември 2019 година: Уште еднаш годинава за време на празничниот период, претпријатието ЈОРМАНИС В. ДОО, наместо да испрати деловни подароци и честитки, реши да испрати електронски честитки. Парите што беа наменети за подароци, беа пренаменети за поддршка на невладиното непрофитно здружение „Пријатели на грижата“.

Јули 2019 година: Претпријатието ЈОРМАНИС В. ДОО се истакна како едно од најздравите растечки претпријатија од институцијата „DIAMONDS of the Greek Economy“ организирано од „New Times Publishing“ за 2019 година. Претставниците на најздравите растечки претпријатија на земјата испратија силна порака за перспективите и потенцијалот на грчката економија и претприемништво за време на настанот за деловна извонредност „Diamonds of the Greek Economy 2019“. Наградените најавија десетици инвестициски планови кои што веќе се исполниле или се наоѓаат во тек, се осврнаа на значајни програми за зголемување на бројот на вработени и на корпоративна социјална одговорност, а зборуваа и за дејствата за поттикнување на нивната екстровертност и отворањето нови пазари во странство. На настанот, организиран од претпријатието „New Times Publishing„ што се одржа на 10 јули во хотелот „Grande Bretagne Hotel Athens“ во Атина, со учество од над 600 претставници на најдинамичните деловни групи во земјата, беа наградени и одликувани таканаречените претпријатија-„дијаманти“ од целиот бизнис-спектар (индустрија, туризам, трговија, услуги). Вреди да се спомене дека, настанот што успешно се организира 16-та година по ред, се одржа под покровителство на Министерството за економија и развој, Министерството за животна средина и енергија и Здружението на претпријатија и индустрии во присуство на државни претставници (кликнете на сликата  DIAMONDS 2019 SFRAGIDA new)

Март 2019 година: Претпријатието ЈОРМАНИС В. ДОО се најде во 206-те најдинамични претпријатија во наградите за развој и конкуренција „Growth Awards“, организирани трета година по ред од Eurobank и Grant Thornton (кликнете на сликата  PR13443 Signatures2 07 GROWTH DRIVER).

Октомври 2018 година: Претпријатието ЈОРМАНИС КЕМИКАЛС се сертификува според ISO 14001:2015 за примена на Системот за управување со животната средина (кликнете на сликата ikonidio ISO 14001).

Август 2018 година: Почеток со работа на новиот приватен современ објект во Индустриската зона на рафинеријата во Аспропиргос, Атика.

Јуни 2018 година: Создавање на образовно видео во соработка со „Хеленик Петролеум СА“ во индустриските постројки во Елевсина, за правилно и безбедно растоварање на хемиски супстанции.