Претпријатието ЈОРМАНИС В. ДОО (GIORMANI B. Ltd.) е семејно претпријатие од грчки интереси коешто работи во Грција веќе 35 години. Неговото седиште се наоѓа во Солун, а главната активност е производство и трговија со хемиски производи.

Во однос на продажбата на течни и цврсти неоргански хемиски суровини, на територијата на Грција се наоѓа на водечка позиција и има интензивна извозна дејност во балканските земји и на Кипар. Како соработник-претставник на врвни мултинационални компании, на своите клиенти им нуди целосни решенија коишто го опфаќаат целокупниот спектар на индустријата.

1980Претпријатието се основа во Солун со главна активност трговија со течни неоргански хемиски суровини.

2004 Претпријатието се премести во нови сопствени најсовремени објекти во Индустрискиот парк во Неохоруда, Солун.

banner

2005 ЈОРМАНИС В. ДОО доби сертификација од Грчката организација за стандардизација (ELOT) според ΕΝ ISO 9001:2015 и од TUV Hellas (кликнете на сликата ISO 9001 )со крајна цел трговија со хемиски производи. 

2008Претпријатието преминува во рацете на втората генерација на семејството, којашто се обврзува да ги зачува неговите принципи и водечкото место на грчкиот пазар и има визија да се развие и етаблира на балканските простори.

2010 & 2011ICAP го рангира претпријатието ЈОРМАНИС В. ДОО во заедницата на „ВОДЕЧКИ КОМПАНИИ ВО ГРЦИЈА“ (STRONGEST COMPANIES IN GREECE) (кликнете на сликата  icap 2011  ), во која право на учество има само едно од десет претпријатија во Грција и ги опфаќа претпријатијата што се рангираат во најсилните зони на кредитен рејтинг на ICAP Group.

2014 ЈОРМАНИС В. ДОО се сертифицира за Системот за управување со здравје и безбедност при работата во согласност со меѓународниот стандард OHSAS 18001:2007/ ELOT 1801:/2008 (кликнете на сликатаiso 18001 ).

2016  Надградба на вкупниот капацитет за складирање течни хемиски производи преку соработката со 3 PL (Логистика на трета страна) во Индустриската зона во Синдос, во близина на Солун.

giormanis 2016

 

2018: Почеток со работа во нов најсовремен објект во индустриските објекти во Индустриската зона на рафинеријата во Аспропиргос, Атика.

Претпријатието добива сертификација ISO 14001:2015 за примена на Системот за управување со животната средина (кликнете на сликата ikonidio ISO 14001 ).

istoriko 11